Венецуела се пофали, соборила „американски авион на нарко мафијата”

Фото: Министерство за внатрешни работи на Венецуела

 Официјални претставници на Венецуела синоќа соопштија дека нивните воени сили собориле американски авион употребуван за криумчарење дрога. 

-Уништен авион за криумчарење дрога со регистрација на САД што влегол нелегално во воздушниот простор на Венецуела, соопшти на Твитер Нестор Реверол, министер за внатрешни работи на Венецуела. 

Се укажува дека леталото незаконски вегло во воздушиот простор на земјата во државата Сулија. Министерот приложи и фотографии од соборениот авион. 

Во Венецуела има закон, потпишан од Николас Мадуро во 2013 година, според кој армијата може без предупредување да соборува авиони над територијата на земјата осомничени дека работат за нарко картелите или превезуваат дрога. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот