Владата на Венецуела нареди Обединетите нации за човекови права да ја напуштат државата во рок од 72 часа

Венецуела знаме / Фото EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

Венецуелската влада побарала од персоналот на Обединетите нации за човекови права (OHCHR) да ја напуштат земјата во следните три дена, нагласувајќи дека ќе ја разгледаат соработката со организацијата на ОН.

Владата на таа јужноамериканска земја соопшти дека одлучила да ги суспендира сите активности на техничкото советодавно биро на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права и да спроведе детална ревизија на условите за техничка соработка.

Ревизијата ќе биде направена во следните 30 дена, додаде венецуелската влада, истакнувајќи дека целиот персонал на ОН поврзан со Канцеларијата мора да ја напушти земјата во следните 72 часа .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот