
Венецуелката Марија Корина Мачадо ја доби Нобеловата награда за мир за 2025 година
Политичарот и лидер на движењето „Венте Венецуела“ ја доби Нобеловата награда за мир во услови на забрани, прогони и исклучувања од страна на режимот на Мадуро.
Марија Корина Мачадо е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година, соопшти норвешкиот Нобелов институт во Осло.
Препорачано
-Таа е храбар и доследен шампион на мирот, која работи на промоција на демократските права за народот во Венецуела и за мирна транзиција од диктатура кон демократија. Таа е лидер на демократските сили во Венецуела и клучна обединувачка фигура. На изборите минатата година таа беше кандидат на опозициските сили, но венецуелските власти ја блокираа, рече претседателот на норвешкиот Нобелов комитет, Јерген Ватне Фриднес.
Секоја Нобелова награда се состои од медал, лична диплома и парична награда.
BREAKING NEWS
The Norwegian Nobel Committee has decided to award the 2025 #NobelPeacePrize to Maria Corina Machado for her tireless work promoting democratic rights for the people of Venezuela and for her struggle to achieve a just and peaceful transition from dictatorship to… pic.twitter.com/Zgth8KNJk9— The Nobel Prize (@NobelPrize) October 10, 2025
Оваа година, секоја награда ќе биде доделена во износ од 11 милиони шведски круни ( 1.156.395 долари). Тоа значи дека ако едно лице ја добие наградата, тој ја задржува целата сума, но ако група научници ја добијат наградата, тие ја делат сумата меѓу себе.
Ласло Краснахоркаи вчера ја освои Нобеловата награда за литература оваа година. Унгарскиот автор беше признаен „за неговото убедливо и визионерско творештво кое, во средината на апокалиптичниот терор, ја потврдува моќта на уметноста“.
Нобеловата награда за физиологија или медицина беше доделена за откритија кои објаснуваат како имунолошкиот систем ги напаѓа непријателските инфекции, но не и сопствените клетки на телото. Наградата ја делат Јапонецот Шимон Сакагучи и американските истражувачи Мери Бранкоу и Фред Рамсдел.
Нивната работа се користи за развој на нови третмани за автоимуни болести и рак.
За Нобеловата награда за хемија, се издвои работата на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар Јаги за развој на метално-органски рамки. Работата на тројцата научници би можела да се справи со некои од најголемите проблеми со кои се соочува нашата планета, вклучително и заробување на јаглерод диоксид за да се помогне во справувањето со климатските промени и намалување на загадувањето со пластика со помош на хемија.
И Џон Кларк, Мишел Х. Деворе и Џон М. Мартинис ја освоија Нобеловата награда за физика за нивната работа на откривањето на макроскопското квантно-механичко тунелирање и квантизацијата на енергијата во електрично коло, отворајќи го патот за развој на следната генерација дигитални технологии.
Во понеделник Нобеловиот комитет ќе ја додела Нобеловата награда за економски науки.