Велосипедист загина од удар на камион

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Шеесет и осумгодишен велосипедист загина откако бил удрен од камион на булеварот „Никола Карев“.

Како што информираат од МВР, несреќата се случила вчера во 11.10 часот кога товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од четириесет и едногодишниот М.Н. од Скопје, удрило во велосипед управуван од шеесет и осумгодишниот А.Т. од Скопје. На местото на несреќата од здобиените повреди починал А.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Возачот на товарното возило бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот