Велковски пред Санчо и Кимих, Македонецот играч на колото во мундијалските квалификации

Дарко Велковски до крајот на сезоната има договор со хрватската Риека/Фото: ФФМ

Во седмиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Вадуц најдобрата македонска репрезентација триумфираше над Лихтенштајн со 0:4.

Нашата А селекција се подготвува за својот осми настап, а в понеделник во Скопје гостува фаворитот во групата, Германија.

На дуелот со Лихтенштајн гол серијата ја започна Дарко Велковски, исто беше асистент на третиот погодок кој беше дело на Николов и воедно успешно ја заврши задачата во делот на одбраната не дозволувајќи му на противникот да дојде до некаква посериозна шанса.

Во изборот на „Софаскор“ играчот на хрватската Риека има највисока оценка 9,2, поголема и од неколку поголеми звучни имиња како англискиот репрезентативец Џејдон Санчо 8,5, потоа Германецот Џошуа Кимих (8,7).

Истиот извор го прогласи Македонецот за играч на колото. Се надеваме дека нови одлични игри Велковски ќе има и во следните репрезентативни натпревари.

Милевски: Против Германија пред сè тактички мора да бидеме на врвно ниво

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот