Велика Британија има најмногу починати во една недела од 1993 година

Фото: ЕПА

Британското биро за статистика објави податоци за бројот на починати во Англија и Велс во статистичка недела која завршила на 17 април.

Тоа е воедно и 16-тата недела во годината. Според нивните податоци починале 22.351 луѓе, што е 3.835 смртни случаи повеќе од претходната недела кога имало 18.516 починати, а 11.854 смртни случаи повеќе од петгодишниот просек.

Тоа е 113 отсто повеќе смртни случаи во однос на петгодишниот просек.

Најголем број на починати во една година од 1993 година

Воедно ова е најголем број на починати во Англија и Велс во една недела откако ваквите статистички мерења почнаа во 1993 година.

Од сите смртни случаи забележани во 16-тата недела, 8.758 од нив се поврзани со коронавирусот, што значи дека тоа се 39,2 отсто од сите смртни случаи. Во 15-тата недела тој број изнесуваше 6.213, односно 33,6 отсто.

Во Лондон 55,5 отсто од смртните случаи во 16-тата недела се поврзани со коронавирусот, а висок број на смртни случаи поврзани со коронавирусот се забележани и во северозападот на земјата односно 42,3 отсто, а во североистокот 41,1 отсто.

Од смртните случаи забележани до 16-тата недела, 77,4 отсто од нив, односно 14.796 смртни случаи биле во болниците, додека останатите смртни случаи се забележани во инстутициите за нега и приватни домови за стари лица.

Воедно во 16-тата недела е зголемен бројот на смртни случаи од коронавирус, додека бројот на смртни случаи од грипот и воспаление на белите дробови опадна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот