Стармер, Зеленски Фото: ЕПА

Велика Британија договори заем од 2 милијарди фунти на Украина

Обединетото Кралство и Украина договорија заем во вредност од 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина, потврди украинскиот министер за финансии Серхи Марченко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и канцеларката на државната каса Рејчел Ривс вечерва одржаа видео конференција со Марченко, на која го финализираа договорот.

Марченко најави дека средствата се „обезбедени со замрзнати руски средства“. Тој, исто така, изрази благодарност до Велика Британија што „го смета агресорот одговорен за војната“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот