Велигден во Грција прилагоден на пандемијата, Мицотакис и Сакеларопулу оптимисти дека доаѓаат подобри денови

По пауза од една година, кога за време на ланскиот Велигден граѓаните останаа дома, вчера, Грците масовно ги посетија црквите, но повторно прославија поинаков Велигден, прилагоден на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина. 

Поради полицискиот час, камбаните наместо на полноќ, биеја во 21 часот, кога беше соопштено Христовото воскресение и проследено со огномети во сите атински населби.

Иако за верниците задолжително беше да носат две маски, а во дворовите на црквите, да има по едно лице на десет метри квадратни, сепак не беа целосно запазени овие мерки.

 

Грчката претседателка Катерина Сакалеропулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во нивните велигденски честитки се осврнаа на пандемијата и изразија надеж за брзи излез од здравствената криза.

Мицотакис истакна дека овој Велигден мислите се насочен кон оние кои ги загубија животите од Ковид-19 и кон оние кои се во болниците, но и дека „пролетниот Велигден претскажува послободно лето, а божествената светлина станува сонце на оптимизам за излез од глобалната перипетија со пандемијата”.

-Деновите што доаѓаат можат да бидат навистина подобри. Така што следните месеци да станат попродуктивни, а следните години, години на поголем просперитет за Грција и сите Грци, порача Мицотакис, кој се осврна и на имунизацијата истакнувајќи дека на крајот од мај може да достигнат и до пет милиони вакцинирани граѓани.

Сакеларопулу ја следеше свечената литургија во Соборниот храм во центарот на Атина, во присуство на министри од Владата, а по завршувањето изрази надеж дека „годинашното Воскресение ќе значи крај за пандемијата, заздравување на раните на телото на човештвото и конечен триумф на доброто, преку светлото на љубовта и солидарноста”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот