Велигден и Први мај го преполнија Дојран со туристи

фото: МИА

Велигденскиот продолжен викенд и претстојните Првомајски празници го преполнија Дојран со гости од земјава, Грција, Србија и Бугарија кои ги запоседнаа комерцијалните и приватните капацитети, како и со еднодневни туристи чија бројка се движи околу десетина илјади.

Градоначалникот Анго Ангов, денеска потврди дека расположливите сместувачки капацитети на Дојран се речиси пополнети и дека има чувство оти Дојран дополнително се полни со гости, претежно млади, кои ќе го продолжат престојот во Дојран и за Први мај.

-Подготвено ги прифативме сите туристи кои од година во година се враќаат во се поголем број. Убавото сончево време го користат за прошетка по кејот, некои од нив и за сончање, а рестораните и кафулињата се грижат на гостите да им организираат разни забави и журки на плажа, изјави Ангов.

Според него, ако се суди по овој продолжен празничен викенд, годинашнава летна туристичка сезона на Дојранското Езеро ќе биде многу побериќетна од лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот