Вељаноски тврди дека е „жртва“ на монтиран случај

Тој нагласи дека тоа што на прес конференција го изјавил тогашниот пратеник Зоран Заев по СМС го известил Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот спикер на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски обвинет за собраниските насилства од 27 април 2017 година, на денешното рочиште за овој случај рече дека овој обвинителен акт според него е со политичка позадина.

– ОЈО направи суштествени повреди на Законот за кривична постапка. ОЈО без мој исказ ја затвори истражната постапка ниту ме извести за доказите против мене – рече Вељаноски.

Тој нагласи дека тоа што на прес конференција го изјавил тогашниот пратеник Зоран Заев по СМС го известил Никола Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ќе докажам дека сите постапки после 18 часот во Собранието на 27 април 2017 година се незаконски и неуставни. Сакам да кажам дека македонскиот народ страдал од слуги на сите режими – нагласи Вељаноски.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, околу организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот