Вдовицата на Навални им се заблагодари на Русите кои учествуваа на погребот на нејзиниот сопруг

Јулија Навалнаја / Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Вдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални им се заблагодари на илјадниците Руси кои со часови чекаа во ред за да го посетат гробот на нејзиниот сопруг.

„Многу луѓе се прашуваат зошто Алексеј толку се бореше и никогаш не се откажа. За ваше добро, за драги, храбри и чесни луѓе кои сега доаѓаат во бескраен ред да се простат од него“, напиша Јулија Навалнаја на платформата Х.

Илјадници поддржувачи на Навални се собраа во московската област Маржино на денот на неговиот погреб во петокот за да му оддадат почит на најпознатиот руски опозициски лидер, кој почина во казнена колонија на Арктикот на 16 февруари на 47- годишна возраст.

Јулија Навалнаја го обвини Путин за убиство на нејзиниот сопруг, а неговиот тим вели дека планира да спроведе истрага и да ги објави имињата на одговорните.

Кремљ негира каква било вмешаност и одби да коментира за неговиот погреб. Поддржувачите на Навални велат дека е наведено дека тој починал од природна смрт, што тие одбиваат да го прифатат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот