Ватерполистите на Хрватска и Унгарија ќе играат во финалето на ЕП

Фото: EPA-EFE/Tibor Illyes

Ватерполо репрезентациите на Хрватска на Унгарија ќе играат во големото финале на Европското првенство што се одржува во Сплит.

Популарните „баракуди“ ја совладаа Италија со 11:10 пред девет илјади навивачи „Спаладиум арената“, додека Унгарците кои го бранат златото беа подобри од Шпанија со 10:8.

Хрватите и „аѕурите“ одиграа фантастичен меч кој беше решен 95 секунди пред крајот со сомнителен петерец. Стрелец на голот за Хрватска вреден пласман во финалето беше Константнин Харков.

Јерко Мариниќ Крагиќ беше најефикасен во хрватскиот тим со четири гола, еден помалку постигна Андрија Башиќ. Кај Италија, Франческо ди Фулвио даде три гола.

Актуелниот европски шампион Унгарија беше подобар од Шпанија која е актуелен светски шампион со 10:8 благодарение на одличната игра во третата и четвртата четвртина.

Во првите десет минути Шпанија имаше предност од два гола, но потоа Унгарците во базенот во „Спаладиум Арена“. Прво на одмор заминаа со плус два (7:5), за потоа Геро Заланки, Адам Наѓ и Ерик Молнар со серија 3:0 да ги решат дилемите околу победникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот