Вашингтон домаќин на шефовите на државите од Тихиот Океан

бела куќа фото МИА

Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела во Балтимор ќе одржи втор состанок со лидерите на островските држави на Тихиот Океан, што е дел од американската иницијатива да се запре ширењето на кинеското влијание во стратешки важниот регион на Тихиот Океан.

За време на тридневниот состанок, САД ќе објават дипломатско признавање на два острови во Тихиот Океан и ќе ветат нови средства за инфраструктурата како подводни интернет кабли.

Бајден го одржа својот прв самит со островските држави во Белата куќа пред една година, а требаше да се сретне со лидерите на тие држави во мај во Папуа Нова Гвинеја, што беше откажано бидејќи требаше да се справи со кризата со лимитот на долгови дома што го принуди да ја прекине својата азиска турнеја.

На минатогодишниот состанок со 14 островски држави, администрацијата на Бајден вети дека ќе им помогне во борбата против кинеската „економска принуда“, а двете страни во заедничка декларација најавија зајакнување на партнерството и утврдија дека ја споделуваат визијата за регион каде што „демократијата ќе може да процвета“.

Белата куќа објави дека оваа година фокусот ќе биде ставен на приоритети како климатските промени, економскиот раст, одржливиот развој, јавното здравје и борбата против нелегалниот риболов, а САД официјално ќе ги признаат островите Кук и Ниуе.

Премиерот на Соломонските Острови, Манасех Согаваре нема да пристигне во САД. Таа земја ги продлабочи врските со Кина, а истакнат член на администрацијата на Бајден рече дека САД се „разочарани“ од таа одлука.

Во 2022 година, Белата куќа објави дека САД ќе инвестираат повеќе од 810 милиони долари во програми за островските држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот