Вашингтон доби пристап до сите воени бази во Скандинавија

САД Знаме / Фото EPA-EFE/SHAWN THEW

Шведска и САД потпишаа договор во областа на одбраната што му овозможи на Вашингтон пристап до сите воени бази во скандинавските земји, соопшти шведското Министерство за одбрана.

Шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон изјави дека договорот потпишан вчера во Вашингтон „ќе создаде подобри услови за Шведска да добие помош од САД во случај на војна или криза“.

Тој објасни дека договорот не значи дека САД ќе ги користат сите 17 воени бази, туку дека најважно за Вашингтон е да можат да складираат одбранбена опрема онаму каде што им е најпотребна.

Договорот во Пентагон го потпишаа Џонсон и американскиот министер за одбрана Лојд Остин, кои по тој повод изјавија дека капацитетите на шведските вооружени сили ќе го зајакнат НАТО.

„Договорот испраќа силен сигнал дека остануваме посветени заеднички да ги решаваме безбедносните предизвици“, рече Остин.

САД постигнаа сличен договор со западниот сосед на Шведска, членката на НАТО Норвешка, во 2021 година и во моментов преговараат за таков договор со членките на НАТО – Финска и Данска, две други нордиски земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот