Вардар во еден ден потврди две засилувања

Фото: Screenshot

Екипата на Вардар во текот на денешниот ден потврди две засилувања, едно во одбраната и едно во офанзивната линија од тимот.

Во одбраната пристигнува 25 годишниот интернационалец од Хрватска Михаел Бришки. Бришки е фудбалер кој може да игра на позициите дефанизивен играч за врска и централен дефанизивен играч, потекнува од младинската академија на Динамо Загреб со која настапувал во младинската Лига на шампиони.

Низ кариерата настапуваше уште и за екипите на Табор Сежана (Словенија), Сесвете (Хрватска), а во Вардар доаѓа од екипата на Санџулијано од италијанската Серија Д каде изминатата полусезона настапи на 21 натпревар. Бришки има настапувано за репрезентација на Хрватска во селекциите до 17 и 19 години.

Ново име во нападот е Гамбиецот Кеба Кебел Сусо. 26 годишниот напаѓач од Гамбија пристигнува од екипата на Јадран Декани од Словенија каде постигна 7 голови на 12 натпревари, а во досегашниот тек на кариерата настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот