Вардар со „шестка“ го почести Борец

Фото: Фејсбук/FK Vardar

Фудбалерите на Вардар остварија убедлив триумф од 6:0 против Борец во четвртото коло до Втората фудбалска лига.

Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, со убедливата победа ја продолжи трката за првите две позиции на табелата кои носат пласман во Првата лига. Воска е лидер со максимални 12 бода, додека Вардар заедно со Детонит Плачковица и Гостивар имаат по 10 бода.

Десниќ даде два гола за „црвено-црните“, а во листата на стрелци се запишаа и Христов, Жоглев, Величковски и Маркоски.

Во дербито на четвртото коло, Гостивар славеше на гостувањето кај Пелистер со 1:3. Стрелци за Гостивар беа Каланоски, Рамадани и Велинов, додека Дуков погоди за Пелисер. . Воска со победата од 2:1 над Беса го задржа максималниот ефект по четири кола.

Резултати:
Вардар – Борец 6:0
Пелистрер – Гостивар 1:3
Воска – Беса 2:1
Беласица – Пехчево (Локомотива) 1:1
Кожуф – Детонит 0:2
Арсими – Охрид 1:0
Слога Виница – Каменица Саса 1:1
Тетекс – Караорман 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот