Ванковска: Раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија како прв чекор

Билјана Ванковска во Штип/Фото: МИА

Сама против шестминa, со овој адут професорката Билјана Ванковска настапува на Претседателските избори, истакна таа денеска од Штип, каде што на неколку локации во градот има средби со граѓаните. Таа порача дека првиот чекор кој ќе го направи е раскинување на Договорот за добрососедство со Република Бугарија. Вели дека граѓаните не само сиромаштијата ги боли и националното.

– Адутот на Билјана Ванковска е во тоа што ќе биде сама против шестмина. Она што се состои во мојата Програма нема да ги најдете кај ниту еден друг кандидат, така што одиме не само да бидеме интересни или оргинални, туку затоа што сметаме дека одење по една патека која не води никаде освен во бездна бара конечно радикално решение, прекин на досегашните политики и практики. Може да звучи премногу за граѓаните, но моето мислење е сега или никогаш, рече Ванковска.

Пратеникот Борислав Крмов рече дека Ванковска е единствениот кандидат кој го нарушува статус квото. Дециден е дека тие носат нешто ново во државата, а според него црната кампања е веќе започната.

-Не очекуваме, како што видовте уште во старт со креативно толкување од АВММУ и таа една минута која не следуваше ни е пресечена на пола. Но, ние и како партија сме навикнати на нефер односи, вели Крмов.

Претседателскиот кандидат на „Левица“, Ванковска рече дека во Штип била топло пречекана, како и самата што не очекувала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот