Ужас во САД: Невеста загинала неколку часа по венчавката откако пијан возач удрил во нивниот автомобил

Невеста загинала неколку часа по венчавката откако пијан возач удрил во нивниот автомобил / Фото ГоФундМе

Невеста од САД загинала само неколку часа по завршувањето на венчавката, откако пијан возач удрил во автомобилот на парот. Саманта Милер (34) загинала во сообраќајна несреќа во Јужна Каролина. Повредени се и уште три лица кои биле во возилото со неа, меѓу кои и младоженецот.

Младоженецот Арик Хачинсон се здобил со повреди на мозокот и бројни скршеници и се наоѓа во критична состојба. Неговата мајка Анет Хачинсон напиша дека ја добила торбата со бурмата на нејзиниот син во болница пет часа откако неговата сега веќе мртва сопруга му ја ставила на прстот, пишува Гардијан.

Осомничениот Џејми Ли Комороски во моментот на несреќата возел изнајмен автомобил со 105 км/ч и само накратко притиснал на кочницата пред да удри во возилото на нововенчаната двојка. Ограничувањето на брзината во таа област е 40 км/ч. Тој е обвинет за убиство и возење во пијана состојба. Доколку биде осуден, му се заканува затворска казна до 25 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот