Ужас во Русија: Млад боксер заврши во кома, бил нападнат од мечка додека ловел риба

Илустрација/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Шокантна вест доаѓа од Русија, боксерот Илја Медведев се наоѓа во кома откако бил нападнат од мечка. Несреќниот медведев бил на риболов во моментот кога од зад грб бил нападнат од мечката.

За среќа, 23-годишниот боксер со себе носел нож кој успеал да го извлече и да ја избоде мечката која потоа избегала.
Медведев набрзо бил пронајден од рибари кои веднаш го пренеле во болница каде лекарите го ставиле во индуцирана (вештачка) кома.

Неговиот тренер Дмитриј Косенко за РИА Новости изјави дека Илја Медведев сепак не се наоѓа во животна опасност.
– Лекарите велат дека во овој момент животот не му е во опасност. Но, знаете какви можат да бидат нападите од мечка. Сигурно е дека Илја ќе има долга рехабилитација. Добра работа е што со себе имал нож и успеал да ја прободе мечката – изјави Косенко.

Помош за несреќниот боксер најави и Умар Крамлев, претседателот на унијата на боксери.
– Илја се покажа како вистинки борец во тешка ситуација и сите се надеваме дека ќе се операви. Ќе ја следиме неговата здравствена состојба и во целост ќе би покриеме финансиските трошоци за неговото лекување – порача Крамлев.

Руските медиуми објавија дека Илја не е првата жртва на мечка во тој предел бидејќи неодамна бил убиен 48-годишен рибар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот