Увезен само еден нов автобус, драстично зголемен увозот на половни возила

Плацевите преполни со половни возила, цените зголемени за двеста до петстотини евра за разлика од минатата година. Сопствениците се жалат дека набавуваат, но не продаваат. Потенцијални муштерии има, но крајни купувачи не. Велат дека најмногу се бараат полови возила од средна категорија со цена до 5.000 евра.

Според податоците на Царинската управа на Македонија од почетокот на годинава до крајот на април во земјава влегле 13.124 половни возила , а во истиот период лани увезени се само 10.798. Зголемување има и кај увозот на нови возила. За првите четири месеци увезени се 2.926, а лани за цела години увозниците на нови возила донеле 8.790. Зголемување има и кај увозот на половни товарни моторни возила. Увезени се 648 употребувани камиони, а 366 нови.

увоз на возила/ Фото Царинска управа

Според бројките изгледа ќе почекаме на обнова на автобускиот превоз. Увезени се 85 половни автобуси и минибуси, а само 1 нов.

– Падот на интересот за купување на возила според нашите искуства се случува поради високите цени на бензинот, но и целокупната криза која ја зафати земјава. Иако возилата кои се увезуваат се со еуро 4 цените се високи, барем така велат купувачите. Сите сме во исчекување на забраната за увоз под еуро пет стандард и затоа се полниме со возила- вели еден од сопствениците на плац за половни возила.

увоз на возила 2022/Фото Царинска управа

Владата се уште нема донесено одлука за забрана за увоз на возила со ЕУРО 4 мотори. Министерството за економија во јануари 2021 година најпрво вети дека увозот на возила постари од 10 години ќе биде забранет за потоа да информира дека ваквата мерка се одложува. И покрај тоа што поминаа веќе шест месеци од годинава, од Владата и од Министерството за економија засега не објавуваат кога ќе биде донесена одлуката за забрана за увоз на возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови.

Според податоците на Царинската управа на Македонија годинава увезени се вкупно 9.098 автомобили од кои 2.926 се нови, а останатите употребувани. Исто така во првиот квартал влегле 648 половни камиони и 366 нови, а кај автобусите разликата е огромна. Увезени се 85 половни автобуси и минибуси, а само еден нов. Во последните три години најмал увоз има лани. Во 2021 година увезени се вкупно 44.712 автомобили од кои 34.858 се половни, а 5.815 се нови. Лани има зголемување на увозот на нови товарни возила и автобуси, а има зголемување и на увозот и на половни камиони и автобуси.

увоз на возила 2021/Фото: Царинска управа

Од странските земји најчесто се увезуваат дизел возила, кои постепено се исфрлаат од употреба во развиените држави кои се членки на ЕУ. Транспортот има значаен удел и во загадувањето на воздухот со штетни емисии во градовите, кои пак допринесуваат за огромни реакции на јавноста особено во зимските месеци. Зголеменото ниво на загадување на воздухот во македонските градови посебно се чувствува за време на зимските месеци, во комбинација со нееколошкото затоплување на домовите, палењето отпад на отворено и загадувањето од индустриските капацитети.

Се почесто се увезуваат хибридни возила

Изминатата година биле регистрирани вкупно 3.136 хибридни возила, во споредба со 2.331 во 2021 година.

Регистрирани се 476 електрични возила во 2022 година, а 274 возила во 2021 година.

Експертите велат дека причините позади тоа што трендот на ваквите возила е значително побавен се неколку. Некои од нив се однесуваат и на нивната цена, несигурноста кај населението поради непостоење соодветна инфраструктура од брзи полначи, но и поради тоа што не постои интерес, ниту иницијатива од власта да се направи нешто посериозно на ова поле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот