Утре цел ден гужви во центарот на Скопје – претпладне протест, попладне марш

Сообраќај во Скопје. / Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја информира јавноста дека утре, петок, (31.03.2023), поради најавено одржување на мирен протест, со почеток во 10.00 часот, полицијата ќе спроведе посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје.

Како што соопшти МВР, сообраќајот по потреба ќе се пренасочува од крстосница на булеварот „Гоце Делчев“ со булеварот „ВМРО“ кон крстосницата на „Илинденска“ со булеварот „Св. Климент Охридски“.

-Со почеток во 16.00 часот, пак, поради реализација на мирен марш, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува по рутата по која ќе се одвива маршот, и тоа од крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“, право по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“ и во продолжение до бул.„11 Октомври“, пред Собранието на РСМ, информира МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат планираните активности со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот