Уште еден хотел во Европа од денеска е во карантин

Станува збор за „Гранд Хотел Европа” во австрискиот град Инсбрук, каде што рецепционерот, државјанин на Италија, се заразил од коронавирус.

Уште еден хотел во Европа од денеска е во карантин поради појавата на новиот коронавирус.

Станува збор за „Гранд Хотел Европа” во австрискиот град Инсбрук, каде што рецепционерот, државјанин на Италија, се заразил од коронавирус.

Инаку, во Инсбрук се регистрирани првите две лица во Австрија кои се позитивни на вирусот наречен Ковид-19.

На почетокот од неделава, хотел на Канарските острови беше ставен во карантин бидејќи е потврдено дека гости на хотелот, брачна двојка, се позитивни на вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот