Употребата на апаратите со УВ за убивање на коронавирусот може да биде опасна

unsplash

Дезинфекцијата на предметите со УВ-светлина се користи повеќе од 40 години, но постојат ризици кога тие апарати се применуваат на човечката кожа.

Постојат три класи на УВ-светлина: УВ-А, УВ-Б и УВ-Ц. Сите три потекнуваат од Сонцето, но до Земјата пристигнуваат само првите два, кои предизвикуваат изгореници и предвремено стареење на кожата, а се поврзуваат и со појавата на рак.

Третиот вид УВ-светлина, која има најмногу енергија, па е и најштетна за луѓето, се користи токму во апаратите за дезинфекција, кои сега се рекламираат како средство против коронавирусот.

Засега нема докази дека УВ-А и УВ-Б-зраците можат да го убијат коронавирусот, па се претпоставува дека излегувањето надвор, во текот на сончев ден, нема да го намали ризикот од заразата со коронавирусот.

Врз основа на досегашните научни докази дека третиот вид, УВ-Ц-светлина, може да уништи разни вируси, веројатноста е дека може да го убие и новиот коронавирусот, но тоа не е научно потврдено.

Додека научниците работат на истражувањето, нема потврда дека апаратите што се на пазарот се безбедни за употреба на телото, а речиси повеќето од нив немаат одобрение од здравствените служби.

Иако овие апарати ги има во различни форми, големини и јачини, Тајлер Холмиг, директор на Дерматолошката хирургија на Универзитетот во Тексас, предупредува дека последиците од користењето на УВ-Ц-светлината на телото може да бидат тешки изгореници и оштетување на очите.

Она што се знае е дека УВ-зраците ја оштетуваат кожата и дека треба да се користат за дезинфекција на предмети или на површини. УВ-светлото никако не треба да се користи за дезинфекција на раце или на други делови од кожата, бидејќи УВ-зраците освен што може да ја оштетат кожата, може да ги оштетат и очите.

Американската академија на науките, инженерството и медицината (НАСЕМ) предупреди дека „УВ-светлината ја оштетува човечката кожа и дека треба да се користи само на предмети или на површини“.

Тоа значи дека оваа УВ-светлина не би требало да се користи како средства за дезинфекција на рацете, кои треба да се мијат со сапун и вода, а да се дезинфицираат со производи базирани на алкохол.

Светската здравствена организација (СЗО) ја повторува таа препорака на НАСЕМ, потенцирајќи дека УВ-ламбите не треба да се користат за дезинфекција на рацете или на другите делови на кожата, бидејќи УВ-зрачењето „може да предизвика иритација на кожата и да ги оштети очите“.

Меѓутоа, иако е потврдена ефикасноста на УВ-стерилизацијата на подовите, потребни се дополнителни истражувања за безбедноста и ефикасноста на стерилизацијата на облеката и човечката кожа со такви апарати.

Некои компании произведуваат апарати за УВ-дезинфекција на внатрешноста на зградите и на болниците. Се тврди дека дозите на УВ-зрачењата на тие апарати се доволно мали за да се избегнат здравствени компликации како изгореници на кожата или иритација на очите.

Заклучокот е дека луѓето не треба да се изложуваат на зрачењето на апаратите со УВ-светлина, туку може да се користат само на предметите и на некои површини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот