Упорен пензионер 24.000 пати се јавил во центарот за грижа на корисници на неговиот оператор – сега е зад решетки (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Пензионер (71) од Јапонија неодамна беше уапсен и обвинет за опструција на работата, откако наводно 24.000 пати се јавил на бесплатниот број на својот телеком оператор во последните две години. Тој се жалел на нивните услуги и барал извинување, пренесе хрватски „Индекс“.

Само во октомври, Акитоши Окамото од Касукабе сити, во центарот за грижа на корисници на јапонскиот телекомуникациски гиганди КДДИ се јави 411 пати во една недела, за да се жали поради тоа што неговиот телефон не може да „фаќа“ радио-преноси.

Во последните две години, КДДИ регистрирале околу 24.000 повици од Окамото, што во просек претставува 33 телефонски повици дневно. Сепак, корпорацијата поднела тужба против него дури минатата недела, поради тоа што неговите повици станале неподносливи за вработените.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=17&v=NWHndQ4JQOw&feature=emb_title

Примањето на 411 телефонски позиви од 71-годишниот пензионер за време на една недела наводно претставувало сериозен проблем за вработените во кол-центарот и создавало потешкотии за нивните можности да им помогнат на останатите клиенти на компаниајта, со вистински проблеми. Бидејќи не знаеле што да направат, тие повикален полиција за да им помогне да ја решат необичната ситуација, пренесува „Одити централ“.

Според јапонските медиуми, Окамото понекогаш се јавувал на бројот за грижа на корисници, само за да побара претставници од компанијата да „дојдат и да му се извинат поради кршење на договорот и нечесна работна практика“.

Окамото е уапсен минатиот месец и поментално е под истрага. Обвинет е опструкција на работата, јапонско криминално дело кое општо се дефинира како оневозможување на нечии способности за редовно работење.

Пензионерот се смета себеси за жртва, но реакциите за неговите жалби се поделени во јапонската јавност. Додека некои веруваат дека корпорациите како КДДИ можеле да ја решат оваа ситуација подобро, други се уверени дека пензинерот претерал.

„Веројатно верува дека поради тоа што е жртва, дека има право лошо да се однесува со другите“, коментираше еден корисник на Твитер. „Изгледа дека порано требале да го пријават“, смета друг.

Екстремниот случај на Окамото е пример за проблемите со кои Јапонија веројатно ќе се соочува во годините кои доаѓаат. Поради се постарата популација, технолошките компании мораат да посветат повеќе време за образување на постарите личности, а исто така да им помагаат и во секојдневните задачи како испраќање на меилови или претплата на стримиг-услугите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот