Уништен споменикот на Хајле Селасие во Лондон (ФОТО)

Фото: МИА

Споменикот на поранешниот лидер на Етиопија, Хајле Селасие, кој е лоциран во паркот во Вимблдон, е уништен, соопшти денеска лондонската полиција.

Инцидентот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го истражува случајот.

Се претпоставува дека инцидентот е поврзан со убиството на популарниот етиописки пејач Хачалу Хундес. Тој е убиен на почетокот на неделата, а поради неговата смрт во Етиопија беа организирани протести, при што се приведени 81 лице.

Селасие во 1936 година живеел во егзил во Лондон, по инвазијаа на Италија врз Етиопија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот