Унгарската полиција ја мери телесната температура на патниците на граничните премини

На патниците им се мери температурата и тие со повишена остануваат во изолација, а ако е потребно се праќаат во болници кои имаат капацитет за нивен прием.

Унгарската полиција и националната здравствена мрежа поради коронавирусот ги прегледуваат патниците кои влегуваат во Унгарија на шесте најголеми гранични премини во земјата.

Токму тие шест премини се всушност оние на кои поминуваат најголемиот број автобуси со туристи од Кина.

На патниците им се мери температурата и тие со повишена остануваат во изолација, а ако е потребно се праќаат во болници кои имаат капацитет за нивен прием.

Полициските службеници добија заштитна опрема и дезинфекциски средства на сите премини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот