Унгарија ќе ја тужи Европската комисија

Фото: Kirill Makarov / Panthermedia / Profimedia

Унгарија ќе покрене правна постапка против Европската комисија доколку не се постигне договор за европско финансирање на универзитетските студии во странство, изјави денеска шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Гергељ Гуљаш.

Гуљас на прес-конференција во Будимпешта рече дека неодамнешната одлука на Европската комисија за намалување на финансирањето на програмата за размена на студенти Еразмус на многу унгарски универзитети е „неприфатлива”.

Тој додаде дека унгарската Влада ќе обезбеди средства за програмата доколку не стигнат средствата од ЕУ, но дека случајот ќе биде доставен до Европскиот суд на правдата доколку не се постигне компромис.

Намалувањето на финансирањето, кое ќе ги погоди унгарските студенти кои студираат во странство преку програмата Еразмус на ЕУ, како и финансирањето за истражување на повеќето унгарски универзитети, доаѓа како дел од финансиското казнување на Унгарија.

ЕУ соопшти дека унгарскиот високообразовен систем не ја заштитува соодветно академската слобода од политичко мешање.

Гуљаш инсистираше на тоа дека Унгарија направила сè што Комисијата побарала од неа за да спречи конфликт на интереси во управувањето со високообразовните институции.

Тој рече дека Унгарија е подготвена дополнително да ги измени своите правила доколку Комисијата побара на високите унгарски политичари да им биде забрането да служат во универзитетските одбори.

ЕУ замрзна повеќе од 12 милијарди евра, наменети за Унгарија поради загриженост дека премиерот Виктор Орбан ги користел фондовите на ЕУ за да ги уништи демократските институции и да ги збогати своите сојузници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот