Унгарија ќе го искористи претседавањето со ЕУ за да го забрза проширувањето со земјите од Западен Балкан

Петер Сијарто/ Фото: Danil Shamkin/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Унгарија ќе го искористи претседавањето со Европска Унија за да го забрза процесот на проширување со земјите од Западен Балкан, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на денешната средба со австрискиот колега Александар Шаленберг во Виена. Сијарто истакна дека на ЕУ и се потребни нова енергија, нова инспирација, нова амбиција а тоа може да го донесат земјите од Западен Балкан.

„Мислам дека земјите од Западен Балкан и се попотребни на ЕУ, отколку што ним им е потребно членство во ЕУ. Затоа сметаме дека треба да се забрза процесот на проширување на ЕУ. Сакаме да го искористиме времето на претседавање со ЕУ, така што дека голем број земји од Западен Балкан отвораат што е можно повеќе поглавја во преговарачкиот процес за членство“, посочи Сијарто.

Тој и Шаленберг разговараа и за илегалната миграција и соработката во енергетскиот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот