Унгарија го освои петтото место на Европското ракометно првенство

фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Најдобрата репрезентација на Унгарија го круниса успешниот настап на Европското ракометно првенство во Германија со освојување на петтата позиција.

Денеска во натпреварот за петтото место со резултат 23:22 (12:13) триумфираа Унгарците против Словенија.

Дуелот беше неизвесен од почеток до крај со многу промени во водството, Словенија можеше во финишот да дојде до победата бидејќи водеше со 22:20.

Во победничките редови Банхиди и Лекар имаа по пет голови, а за Словенците по четири запишаа Благотиншек, Зарабец и Влах.

Ова е најдобриот пласман за Унгарија во нејзината историја на европските првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот