Унаи Емери го продолжи договорот со Астон Вила

Унаи Емери/фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Фудбалскиот менаџер на Астон Вила, Унаи Емери, го продолжи договорот со тој клуб до 2027 година, потврдија денеска од англискиот клуб. Емери на клупата на Астон Вила седна во ноември 2022 година кога го наследи Стивен Џерард.

Тој водеше тим кој беше на работ на испаѓање на моментално четвртото место во Премиер лигата и е во трка за едно од местата кои водат следната сезона во групите на Лигата на шампионите.

Воедно Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига каде ќе игра против грчкиот Олимпијакос.

– Одиме напред заедно со навивачите на Вила, сопствениците на клубот, управниот одбор и оваа група играчи со кои се гордееме – изјави 52-годишниот Емери.

Поранешниот тренер на Севиља, ПСЖ и Арсенал неодамна се споменуваше меѓу потенцијалните наследници на Томас Тухел во Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот