Уметнички дела во чест на здравствените работници

Во чест на Светскиот ден на здравјето, 7 април, Националната галерија избра три уметнички дела како посвета на сите здравствени работници што се наоѓаат во првите редови во борбата против пандемијата на ковид-19 и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите.

– Нивната безрезервна помош на заболените и на другите пациенти особено денес е круцијална и затоа им ја искажуваме нашата бескрајна почит и благодарност, потенцираат од Националната галерија.

Танас Луловски-Тане – „Во чест на измислениот лекар“ (1975)
Маја Кировска – „Крвта не е вода, водата е црвена, црвената е боја“ (2013)

Насловната фотографија е со делото „Самарјанин“ (1949) од Димитар Андонов Папрадишки.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 26, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-12 април 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот