Уметничката инсталација „Крешендо“ е поставена на плоштадот „Магнолија“ во Битола

DCIM100MEDIADJI_0625.JPG

Инсталацијата „Крешендо“ беше поставена на плоштадот „Магнолија“ во Битола во раните утрински часови на 22 август 2022 година. Таа ќе стои на плоштадот до нејзиното затворање на 25 август 2022 година.

Во склоп на инсталацијата секои два часа се вклучува авторска музика со исто име „Крешендо“, компонирана наменски за оваа пригода, која се слуша на целиот плоштад и така дава целосна слика за идејата на изложбата.

Уметничката инсталација „Крешендо“ е темпорален мултимедијален проект, во кој се синтетизирани вајарството, графиката и музиката. Проектот е замислен како директно присуство на уметноста во центарот на градот. Негова цел е да оствари директна интеракција со минувачите на определена локација.

„Крешендо“ треба да го акцентира креативниот импулс на Битола, со помош на светлосен, ликовен, музички и скулпторски израз и да биде еден вид мисловна временска машина, потсетник на нашето битисување овде и сега и копнеж по духовното.

Инсталацијата „Крешендо“ е заеднички мултимедијален проект на графичарот Владо Ѓоревски, вајарот Владимир Симоновски и музичарот Александар Гулевски.

Автор на фотографиите од инсталацијата со дрон е Агим Џело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот