Улчар за „Белата книга“: Нека пишуваат што сакаат, Македонците имаат свој јазик

Може да пишуваат што сакаат, ова е 21 век, вели професорката од Институтот за македонски јазик Елка Јачева-Улчар за најавата дека наскоро во Бугарија ќе биде објавена книгата „Бела книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и Македонија“, како приватна иницијатива, во која ќе бидат презентирани примери „за кражба на бугарската историја, за уништување на бугарските споменици и за репресија врз Македонците кои се сметаат себеси за Бугари“.

– Може да пишуваат што сакаат, ова е 21 век. Македонците денес имаат своја држава и свој нормиран јазик што го зборуваат. Многу наскоро ќе имаат и власт што ќе ги штити интересите на своите граѓани, а не трговци за туѓи бели дворови. Јазик не се менува на овој начин. Македонскиот јазик ќе постои се додека е жив и последниот Македонец – вели  Јачева-Улчар за „Слободен печат“.

Професорката Ана Конова, која е рецензент на книгата порача дека целта е „да даде примери за кражбата на бугарското наследство и кршење на човековите права во Северна Македонија“. Според неа, позицијата на Бугарија за европската интеграција на Скопје не е доволно јасно артикулирана за да им биде јасна на европските партнери.

Бугарската пропаганда продолжува: Македонскиот јазик е „скопска пишана норма“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот