Украина воведе санкции против организаторите на руските парламентарни избори во Крим и Донбас

Знаме на Украина/ Фото: ЕПА

Украина воведе санкции против организаторите во Крим и Донбас на парламентарните избори во Русија.

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина одобри лични мерки против оние кои учествуваа во организацијата на изборите за Државната дума во Крим и делот на Донбас што не е под контрола на Киев. Ова го соопшти секретарот на Советот Алексеј Данилов, цитиран од украинските медиуми.

– Продолжуваме да воведуваме санкции. Денеска тие засегаат 237 луѓе, рече тој на брифинг.

Секретарот додаде дека мерките главно ги засегаат членовите на изборните комисии.

Извор:  МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот