Украдени 50 парчиња од новата колекција на „Балман“ непосредно пред модната недела во Париз

Фото: Инстаграм/ Balmain

Француската модна куќа „Балман“ (Balmain) остана без парчиња од новата колекција која требаше да биде претставена на ревија во Париз кон крајот на овој месец, пишува „Ројтерс“ (Reuters).

Имено, камионот што ја превезувал облеката бил украден, а креативниот директор Оливие Рустинг ја споделил веста за кражбата на својот инстаграм профил.

Рустинг во објава на Инстаграм вели дека крадците заплениле возило со околу 50 предмети од новата колекција на „Балман“ додека возачот ги превезувал парчињата од аеродромот до седиштето на брендот во Париз.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ olivier_rousteing

„Ова е толку неправедно. Јас и мојот тим работевме напорно“, напиша меѓу другото Оливие.

Според Ројтерс, возачот на камионот не бил повреден.

„Балман“ треба да ја претстави својата колекција пролет-лето 2024 година на 27 септември за време на модната недела во Париз, каде што своите колекции исто така ќе ги претстават и „Луј Витон“, „Диор“, „Шанел“ и „Хермес“. Портпаролот на „Балман“ потврди дека шоуто во Париз ќе се одржи, одбивајќи да го коментира грабежот додека не заврши истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот