УК за кардиологија: Салите не се поплавени

Универзитетска клиника за кардиологија преку соопштение до медиумите ги демантира изнесените наводи дека салите за ангиографија се поплавени и информира дека тие функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи.

„Во врска со изнесените наводи дека салите за ангиографија се поплавени, УК за кардиологија ги демантира изнесените наводи. УК за кардиологија ве известува дека се има појавено вода во една од просториите и дека се е во најдобар ред и направени се итни интервенции, и салите за ангиографија функционираат во стандардни услови и по стандардни протоколи”, пишува во соопштението од УК за Кардиологија.

Претходно од Центарот за управување со кризи информираа дека до ЦУК Скопје пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории.

„До ЦУК Скопје пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција”, соопшти ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот