УХМР: Променливо облачно и топло време, температурите до 21 степен

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови од земјата со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветар од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -1 до 6 степени, а максималната од 13 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2 степена, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Според УХМР, до среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветар од северен правец. Кон крајот на неделата температурите ќе бидат во пораст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот