УЕФА жестоко го казни ФК Партизан поради однесувањето на навивачите

Фото: EPA-EFE/Martin Sylvest DENMARK OUT

Фудбалскиот клуб Партизан е сериозно казнет од страна на УЕФА поради однесувањето на навивачите во последниот европски натпревар одигран на домашен терен.

Во прашање е натпреварот против Нордсјеланд во плеј-офот за Конференциската лига, а Европската куќа на фудбалот однесувањето на навивачите во одредени моемнти го оцени како расистичко.

Поради тоа црно-белите во наредниот домашен натпревар во Европа ќе играат пред празни трибини, а исто така ќе мора да внимиваат бидејќи условно се казнети со уште еден натпревар во наредните две години.

Тоа значи дека ако ваквиот испад се повтори, УЕФА повторно ќе го затвори стадионот, веројатно и на подолг период. Треба да се спомене дека како и досега, казната не се однесува на деца под 14 години, тие ќе можат да присуствуваат на натпреварите.

Исто така клубот ќе мора да плати и парична казна во износ од 40.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот