УЕФА советува: Титулите да одат кај моментните лидери на првенствата

твитер

Според шпанскиот „Ас“, УЕФА е пред одлука да им нареди на сите фудбалски федерации, титулите за оваа сезона да им ги додели на екипите кои во моментот на прекинот на првенствата се лидери на табелите.

Оваа идеја е на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, кој се залага да не се игра фудбал сезонава поради пандемијата на коронавирусот.

На утрешниот состанок на УЕФА со сите земји членки, по барањето решение за одигрување на Европското првенство и за завршницата во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, ќе се разговара токму и за овој предлог.

Чеферин и УЕФА сметаат дека најдобро би било сите домашни првенства во европските земји да се прекинат и за шампиони да се прогласат екипите кои моментно се лидери на табелата. Доколку се усвои оваа одлука, тогаш екипата на Вардар ќе ја освои титулата во Македонија, Ливерпул во Премиер лигата, Јувентус во Серија А, Барселона во Ла Лига, Баерн Минхен во Бундеслигата.

Како мотив за овој предлог, УЕФА го посочи случајот од 1999 година, кога поради бомбардирањето од НАТО сезоната во Србија беше прекината, а титулата му беше доделена на Партизан кој во тие моменти имаше само два бода предност во однос на Обилиќ.

Проблемот со овој предлог на УЕФА и на Чеферин е што освен Ливерпул и ПСЖ кои имаат огромна предност пред ривалите, во останатите најсилни лиги, разликата помеѓу водечките екипи изнеснува еден бод во Серија А(Јувентус и Лацио) и португалската Примеира (Порто – Бенфика), два бода во Ла Лига (Барселона и Реал Мадрид), а четири во Бундеслкигата (Баерн – Борусија Д.) и сигурно е дека состојбата на 9-10 кола до крајот сигурно може да се промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот