УЕФА со густ распоред: Македонија против Ерменија на 5 септември

фото/фејсбук/ффм

УЕФА денеска официјално го објави распоредот на натпреварите за следната втора сезона (2020/21) во Лигата на нации која што за нас ќе започне на 5 септември годинава.

Македонската А репрезентација веќе ги знае ривалите во рамките од „Ц2“ групата, тие се селекциите на Грузија, Естонија и Ерменија.

Распоред на натпревари
Лига на нации (Лига „Ц“)

1.коло, 5 септември 2020 Македонија-Ерменија (15.00 часот)
2.коло, 8 септември 2020 Грузија-Македонија (18.00 часот)
3.коло, 11 октомври 2020 Естонија-Македонија (18.00 часот)
4.коло, 14 октомври 2020 Македонија-Грузија (20.45 часот)
5.коло, 15 ноември 2020 Македонија-Естонија (15.00 часот)
6.коло, 18 ноември 2020 Ерменија-Македонија (18.00 часот)

Благодарение на освоеното прво место во групата од лигата Д на првото издание од УЕФА Лигата на Нации Македонија сега се натпреварува во Лига Ц. Со освоено прво место во групата по ова издание на Лигата на Нации би следувала промоција во Лигата Б.

Македонија и Косово ќе играат на 8 октомври, финалето кое носи виза за ЕП на 12 ноември.

Ваквите термини за новата сезона во Лигата на нации се блиску до оние кои што исто така се многу важни за Македонија, пред патувањето за Естонија на 11 октомври, три дена порано треба да го играме полуфиналниот меч со Косово. А пред да ја пречекаме Естонија на 15 ноември, три дена пред тоа ќе имаме можен историски дуел за пласман на ЕП на гости кај Грузија или Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот