УЕФА пресече, Наполи ќе мора да патува во Шпанија

Европската фудбалска федерација потврди дека реванш натпреварот од осминафиналето до Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Наполи ќе се игра на „Камп Ноу“ на 8. август.

Во Шпанија во последните денови се влошува епидемиолошката ситуација, односно расте бројот на заболени од коронавирус, па дури во изминатите неколку дена беше објавено дека позитивни на ковид-19 се и неколку фудбалери.

Поради тоа, претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентин изјави дека не сака неговиот тим да патува во Шпанија и најдобро би било реваншот со Барселона да се одигра во Германија или Португалија каде ќе биде и завршницата на елитното натпреварување.

Но, според италијанските и шпанските медиуми, УЕФА се вмеша во полемиката и одлучи да пресече, реваншот од осминафиналето помеѓу Барселона и Наполи ќе се игра во Каталонија како што беше претходно најавено.

„Ја следиме ситуација и во постојан контакт сме со надлежните органи. Натпреварот ќе се игра во Барселона како што и првично беше предвидено“, објави УЕФА.
Првиот натпревар кој се играше во Неапол заврши без победник 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот