УЕФА пресече: Финалето во Лигата на шампионите ќе се игра во Порто

epa000210538 A ship replica ,sails, through the Estadio do Dragao during the opening ceremony of the EURO 2004 in Porto, Saturday 12 June 2004. EPA/FILIPPO MONTEFORTE NO MOBILEPHONE APPLICATIONS

Натпреварот помеѓу Манчестер сити и Челси ќе се игра на стадионот „Драгао“ во Порто иако првично беше одредено домаќин на финалната средба во ЛШ да се игра во Истанбул.

Кога стана јасно дека „Ататурк“ стадионот во Истанбул нема да може да ги пречека финалистите на елитното клупско натпреварување, УЕФА забрзано работеше на пронаоѓање на ново решение.

Бидејќи двете екипи кои ќе играат во финалето се англиски, токму фудбалската федерација на Англија притискаше тоа да се одржи на „Вембли“ во Лондон, но поради строгите мерки во Велика Британија поради пандемијата на коронавирусот, и таа идеја пропадна.

На крајот УЕФА одлучи финалето во ЛШ втора година по ред да се игра во Португалија која се наоѓа на „зелената листа“ на британската влада кога станува збор за патувањата. По Лисабон и стадионот „Луж“ минатата година, овој пат домаќин во битката за трофејот ќе биде „Драгао“ во Порто.
УЕФА сè уште не ја потврдува официјално оваа одлука бидејќи се наоѓа во интензивни преговори со португалските власти за да се дозволи присуство на 20.000 навивачи на трибините на стадионот чиј капацитет изнесува 50.000 седишта.
Финалниот натпревар помеѓу Манчестер сити и Челси треба да се одигра на 29 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот