Учител натепал ученик во Гази Баба, детето завршило во болница

Училиште ученици Македонија зима
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Уште еден случај на насилство од просветен работник кон ученик е забележано во Гази Баба, каде учител во основно училиште натепал ученик, чијашто возраст полицијата не ја наведува. Детето било пренесено во болница, каде лекарите констатирале дека е повредено.

„На 09.02.2023 во 11.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Н.Ј.(51) пријавил дека на 07.02.2023 околу 11.00 часот неговиот малолетен внук бил физички нападнат од страна на учител во основно училиште на подрачјето на Гази Баба. Во врска со случајот, на 08.02.2023 во 22.40 часот од ГОБ „Св.Наум Охридски” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник кој бил физички нападнат од учителот“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот