Училишта се „шлепале“ на кујни за да плаќаат поевтина струја на сметка на граѓаните, вели Бислимоски

Фото: Драган Митрески / Слободен печат.

„Во некои училишта има кујни, кои согласно тарифниот систем имаат цена како за домаќинствата. Па сега, постојат училишта што се прилепени на кујните за да плаќаат струја по цена на регулираниот пазар, што прави проблем бидејќи на крајот сметката ќе ја платат граѓаните“ рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетеика, Марко Бислимоски вечерва во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека не смееме да се однесуваме одговорно, односно некои општини да средат за себе, а за растот на цените за домаќинствата да се обвинува Регулаторната комисија.

„Согласно Законот за комунални такси, таксата за јавното осветлување ја собира Електродистрибуција, по што парите ги префрла на трезорската сметка на општината, а не на јавно комунално претпријатие. Со цел да избегнат набавка на електричната енергија за јавното осветлување на јавен пазар, општините прават договори со комунални претпријатија со цел струјата да ја купуваат на регулираниот пазар, рече Бислимовски.

Тој додаде дека по либерализацијата на пазаор, општините кои набавуваа струја на берза плаќале и до 20 отсто пониски цени, но откако минатата година започнаа да растат цените тие прават малверзации со цел враќање на регулираниот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот