Учениците сега седат дома, ама налето ќе одат подолго на училиште

Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Учебната година ќе трае подолго и ќе заврши на 14 јуни, затоа што ќе мора да се одработат законски пропишаните 180 наставни дена.

Причина за ова е продолжувањето на зимскиот распуст, истакна министерот за образование, Јетон Шаќири .

„18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот