Убиство што ја потресе Америка: Момче застрелало 5-годишно дете кое си играло покрај неговиот двор (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/CNN

Полицијата го идентификувала Сесомс како осомничен и го уапсила.

Полицијата обвини 25-годишен маж за убиство од прв степен, откако е утврдено дека минатата недела пукал и убил 5-годишно момче во Вилсон, Северна Каролина.

Остин Хинант раскажал за Си Ен Ен дека нешто работел дома, додека неговиот син си играл надвор.

Хинант веднаш истрчал штом слушнал пукање, го зел повреденото дете и го држел во раце.

„Викав некој да му помогне да го спасам синот“, рече и додаде дека го кренал погледот кон блискиот двор и го здогледал соседот Дариус Сесомс. Имал пиштол во рака и невротично чекорел долж дворот.

„Го гледав додека го држев Кенон. Бев бесен, но не можев да го оставам синот. Само сакав да бидам со него“, рече тој.

Свршеницата на Хинант повикала брза помош и полиција.

Полициската станица Вилсон соопшти дека на 9. август примила дојава за пукање и дека на местото на настанот го пронашла рането 5-годишното дете кое подоцна им подлегнало на повредите во блиската болница.

Полицијата го идентификувала Сесомс како осомничен и го уапсила. Не е познато дали тој има адвокат.

„Навистина не ми е јасно зошто го застрела мојот син“, рече таткото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот