Убиен новинар кој известувал од место на друго убиство во Орландо

Полиција во САД/Фото: Профимедиа

Вооружен маж отворил оган врз двајца телевизиски репортери кои известувале од местото на второто убиство во предградието Орландо, Флорида, убивајќи еден репортер, а ранувајќи друг, соопштија тамошните власти, пренесува „Ројтерс“. Осомничениот, идентификуван како 19-годишниот Кит Мелвин Мозес, бил уапсен веднаш по пукањето.

Мозес е обвинет и за две други престрелки во кои загинале 9-годишно девојче и девојка на 20-годишна возраст, изјави шерифот на округот Оринџ Џон Мина на прес-конференцијата. Двајцата новинари биле нападнати во Пајн Хилс, предградие на Орландо, репортер и фотограф на телевизијата „Спектрум Њуз 13“.

Мозес се соочува со обвиненија за тој напад, како и за убиството на деветгодишно девојче и ранувањето на нејзината мајка во нивниот дом во исто време кога новинарите биле нападнати, рече Мина.

Осомничениот неколку часа претходно убил и жена во нејзиното возило, се наведува во соопштението. Од полицијата велат дека не е утврден мотивот за ниту едното пукање, но Мозес се верува дека бил познаник на првата жртва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот