Убава вест: ФК Вардар се враќа во својот дом!

Фото: ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар се враќа на Градски Стадион (Арената „Тодор Проески), објавија денес од таборот на црвено-црните.

Денес од 18:00ч закажана е првата прозивка и тренинг на Вардар во подготовките за сезоната во која треба да игра во првата лига, но поради финансиските проблеми, статусот на прволигаш се уште не е потребен.

Сепак, враќањето во својот дом за навивачите на вардарци, секако е прекрасна вест.

ФК Вардар денес и официјално започнува со подготовките за наредната фубалска сезона. Првичниот собир ќе се одржи денес (30.06.2023), од 18:00ч на Градскиот стадион во Скопје.

Тренингот ќе биде затворен за јавноста, поради технички причини, а североисточниот влез ќе биде отворен единствено за медиумите, на кои тренерот на екипата, Бобан Грнчаров, заедно со претставниците на Управата, ќе им се обрати.
Ја започнуваме најважната битка и нема враќање!“, соопштија од редовите на црвено-црните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот