Уапсено лицето кое украде 38 Ролекс часовници вредни цело богатство

Фото: МИА

Грчката полиција денеска соопшти дека во четвртокот бил уапсен 27-годишен странски државјанин кој пред точно една година од продавница за часовници во центарот на Атина, украл 38 скапи часовници во вредност од 439. 600 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, станува збор за државјанин на Молдавија, а украдените часовници биле марка Ролекс.

При претресот во домот на уапсениот биле пронајдени и запленети 34 од 38-те украдени часовници, но и пиштол, куршуми и ножеви.

Како што соопштија од грчката полиција, на 17 декември 2018 година, непознат сторител, а сега веќе уапсениот, преправајќи се дека е клиент, влегол во продавница за часовници во Атина, на вработените и на обезбедувањето им се заканил со оружје и ја принудил одговорната во продавницата да му даде 38 брендирани часовници во вредност од 439.600 евра.

Полицијата трага по братот на уапсениот, за кој постои обвинение дека бил соучесник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот