Уапсена поранешна мисица, полицијата во нејзината куќа пронашла калашников

Фото: Instagram / alondra_mercadoc

Поранешната мисица на Боливија, Алондра Меркадо Кампос (22) е уапсена во полициска рација под обвинение за трговија со оружје, откако полицајците пронашле складиште во нејзиниот дом со муниција за калашников и тргнале во лов на нејзиното момче, шверцер на дрога, пренесува „Сан“.

Алондра Меркадо Кампос 2023 година беше крунисана за Мис шарм на Боливија, а на Инстаграм често ги истакнува своите фотографии во бикини или настани каде позира во вечерни тоалети кои ги истакнуваат нејзините прекрасни атрибути.

Но, сега нејзините профили на социјалните мрежи замолкнаа, откако беше одведена во Женскиот затвор Тринидад во Бени под обвинение за трговија со оружје.

Фото: Instagram / alondra_mercadoc

Како што пренесуваат тамошните медиуми, полицијата во домот на поранешната мис на Боливија пронашла арсенал од повеќе од 100 парчиња оружје, меѓу кои и калашников.

Нејзиниот партнер, 22-годишниот Андрес Васкез, моментално е во бегство и полицијата го бара под обвинение за меѓународна трговија со дрога.

Боливиските специјалци за борба против шверцот со дрога започнаа операција со цел да го фатат Васкез, но наместо тоа, Кампос беше уапсена. Наводно, боливиската инфлуенсерка ќе биде задржана во притвор од 30 дена, кога ќе следи нејзиното прво појавување на суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот